речник контакт

Младите од Велес испорачаа 12 барања до локалната власт, за нивен подобар живот и забава

Членовите на Локалниот младински совет Велес детално ги објасниле и претставиле иницијативите

Петар Печков

Локалниот младински совет  (ЛМС) на Општина Велес, одржа работен состанок помеѓу членовите и претставниците на локалната власт, вклучувајќи го и градоначалникот Марко Колев.

Целта беше да бидат претставени 12 иницијативи кои биле подготвени како дел од активностите на ЛМС Велес изминатите 12 месеци  и истите ќе бидат  поднесени до Советот на Општина Велес, односно градоначалникот на Општина Велес.  

1.поставување на вединг машини за селектирање на пластична амбалажа и лименки
2.поставување на автоматски диспанзери за хигиенски средства во средните и основни училишта
3. отворање на канцеларија на млади 
4. поставување на вештачка карпа за искачување
5. ревитализација на Градскиот парк
6. обнова и поставување на нови клупи по јавните површини
7. изградба на парк за миленици
8.доделување на субвенции за млади лица за полагање на возачки испит Б категорија, теоретски и практичен
9. изградба на скејт парк
10. изградба на фитнес зона на отворено
11. изработка на „младинска картичка“

Членовите на ЛМС Велес детално ги објасниле и претставиле иницијативите пред присутните, а имало и  дискусија, со  можност за поставување на прашања во врска со нивната реализација.

фото Општина Велес

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »