речник контакт

Младо момче од Кавадарци почина во сообраќајка на мотор и автомобили

Во сообраќајката учествувале два автомобили и еден мотор

Петар Печков

Ноќеска, петок кон сабота, по полноќ, момче на 20 годишна возраст почина од повредите здобиени во сообраќајка во Кавадарци. МВР со детали за сообраќајката.

„На 24 јуни во 01.33 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на ул.„Шишка“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.Н.(33 год), патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(18 год ) и мотоцикл „априлија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.П.(20 год), сите од Кавадарци. Во несреќата мотоциклистот С.П. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци каде што во 02.20 часот починал“ - соопштија од МВР.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на ОВР Кавадарци, по што ќе бидат познати причините за сообраќајката, со смртни последици.

 фото илустрација архива 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »