речник контакт

Мобилни здравствени сервиси за жителите на Извор и Богомила

Министерството за здравство со пилот проект како до поголема грижа на жителите на руралните средини

Петар Печков

Со  ,,мобилни здравствени  сервиси,, ќе се подобрува грижата за жителите во руралните  средини. Вака Министерството за здравство ќе го решава проблемот без континуирана лекарска грижа во селата. Еднаш до два пати во текот на седмицата ќе се посетуваат жителите на  селата Извор и Богомила кои неодмана реагираа, но и други  и така ќе има поголем степен на здравствена заштита.

Ова го најави, како одговор на новинарско прашање Министерот за здравство Венко Филипче при посетата на Велес, по реакциите на жителите од далечните села во поширокиот велешки регион,  кои се оставени на посета на рурален доткор, а доаѓа два пати во текот на месецот.   

Воведуваме модел на ,,мобилни сервиси,,  или здравствена улуга поблиску до жителите на околни места на Велес, каде нема доктори  па жителите се приморани да патуваат и бараат услуга  до Велес и во градот  да купуват лекови од аптека - кажа Филипче. Овој пилот  проект веќе стартувал во некои села на кочанско и битолско. На жителите од руралните средини им недостига лекарска услуга згора на тоа имаат амбуланти како објекти, кои се празни, оти нема интерес на младите лекари да работат таму.  

Со новиот ,,мобилен сервис,, сакаме да ги доближиме улсугите и  до  мајките и малите деца, постарите пациенти со хронични болести, до потешко подвижните болни.  Сервисот да се надополни со мобилна аптека така жителите од далечните рурални  средини, во самите места да ги добиваат здравствените услуги. Така ќе им се олесни пристапот  и ќе се зголеми квалитетот на услугат - дополни Филипче.  

Мобилните  тимови, на доктор и сестри ќе даваат соодветни услуги во амбулантите а жителите ќе знаат во кој ден од неделата ќе им даваат здравствена услуга. Така ќе се искористат објектите  кои сега се празни. Ова доаѓа откако жителите на селата Извор и Богомила во велешко реагираа што немаат континуирана здравна заштита, туку рурален лекар кој доаѓа два пати во месецот.  

Амбулантата не работи од 2008-ма. Кога ја направија се ново донесоа, стоматолошки апарати, лабораторија. Сега се се` распадна, нема човек, и таа пропаѓа, а имаме потреба од доктор. За најмала потреба на доктор во Велес или патување од 40 минути  - велат жителите на Извор. Тие од Богомила патуваат и по еден час, или толку врме и треба на итната помош за  да стигне до селото.  Градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски, каде припаѓаат овие де поголеми села најави дека за да дојде лекар, локалната власт е подготена да ги плаќа сметките за ординацијата,киријата и   комуналии. 

Од Здружението пак на приватни лекари причината   зошто младите лекари не конкурираат, ја гледаат во бројката на паценти,  оти некој биде да рурален доктор и добива стимулацијата која ја дава државата во висина од 90 илјади денари, треба да има запишано 500 запишани пациенти, бројка која за повеќето села во велешко е недостижна. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »