речник контакт

Модуларната болница во Велес готова, наредните денови ќе ги прими и првите пациенти

Модуларната болница, која ќе има и тријажен центар, ќе добие најсовремен рендген апарат и апарат за ехо- дијагностика - најави министерот Филипче

Петар Печков

Предадена е во употреба модуларната ковид болница во Велес, една од 16-та такви кои се градат или се завршени во земјава.   Таа има капацитет од 47 кревети и се наоѓа  во близина на Инфективното одделение, од хелиодромот,  на површина од 700 метри квадратни.

За изградба на инфраструктура и  земјени работи локалната власт обезбеди два милиони денари.  Таа пациентите ќе ги прими наредната недела, откако ќе биде извршена преселбата на Инфективното одделение на дел од опремата.  Деновиве бил извршен и технички прием.

„Оваа болница ќе добие најсовремен рендген апарат, кој се користи во современите ургентни центри, потоа апарат за ехо- дијагностика. Таа ќе пристигне за некој а недела а болничкиот капацитет може да се користи. Со овие апарати може да се врши тријажа“ - кажа министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот Филипче најави дека се завршени  и набргу ќе бидат предадени користење модулираните ковид болници во Гостивар, Кичево, Струга, Гевгелија, Струмица, Охрид, Штип  а останатите се во завршна фаза на изградба.  

„За нас оваа модуларна  Болница е од големо значење, ни се олеснува работата. Таа е современа, модерна, функционална, заштедуваме на персонал и на лична заштитна опрема. Се отвора можноста за реновирање на Инфективно одделение, кое беше планирано за лани, но поради тоа што е ковид-центар, не се случи - рече д-р Божидар Бојаџиев директор на Општа Болница Велес.  

При посетата министерот зборувал и за можно спојување на на ЈЗУ Здравен дом и ЈЗУ Општа Болница Велес.

„Што за граѓаните би значело фузионирањето на Болницата и   Здравствен дом, по примерот на други градови.  Предноста е намалувањето на администрацијата, рационализација на службата на Итната помош, максимално користењето на возниот парк, кој сега припаѓа на две здравствени институции   и корист  за вработените да можат да дежураат а младите доктори да работат, стажираат во служат за итната помош - рече Филипче.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »