Петар Печков
Објавено: петок, 03 јануари 2025
Струмичанец, момче на 21 година возраст, е осуден на единствена затворска казна од седум години, за сторени две кривични дела, разбојништво и за тешка кражба.
Тој пред судија од Основен суд Велес го признал делото и бил прогласен за виновен. За разбојништво добил шест години а за тешка кражба две години или единствена од седум години. Пресудата е правосилна.
Делото го сторил на 16 јуни 2023 година, околу 15,30 ч. во галаријата под новиот мост нападнал маж и со нож под вратот му се заканил по живот да му ги даде парите. Откако лицето дало отпор, било легнато на земја и осудениот почнал да пребарува по џебовите и парите што ги нашол како и мобилниот, ги одзел и побегнал.
Преку галаријата под пругата трчал по скалите кај КАМ, и кога ги искачил, налетал на друг маж. Кај него видел дека носи парчиник во џебот од кошулата и се обидел да му го одземе, но наишол на отпор , го оставил паричникот и побегнал.
Осуденото лице кое било тогаш на 20 години побегнало и биле уапсено на 7 октомври 2023 година. Пресудата му била изречена пролетта 2024 а станала правосилна по одбивањето на жалбата поднесена од одбраната, од страна на Апелација.
Tweet |