речник контакт

Момчето oд Виничани кое прегази друго лице, откако имале расправија со татко му, обвинителство го гони за убиство

На С. К. му е изречена мерка притвор. Како и во случајот со убиството во село Подлес и тука причината за кавгата била водовод

Петар Печков

Обвинителството ќе го гони за убиство 25 годишниот жител С. К. ( 25 год) на село Виничани, општина Градско. Основното јавно обвинителство Велес донело  Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен жител на селото Виничани за кого постои основано сомнение дека со умисла лишил од живот едно лице, со што сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик, за кое е пропишана кaзна од најмалку пет години. затвор.

„На 19 јули настанала вербална расправија за водоводна цевка во селото меѓу таткото на осомничениот и жртвата, по што осомничениот заминал дома, го зел автомобилот „Фиат панда“ сопственост на неговиот татко и со многу голема брзина се упатил директно кон оштетениот, намерно удирајќи го со возилото.При ударот, оштетениот со глава удрил во ветробранското стакло на автомобилот, излетал во воздух и се закачил на жичана ограда од двор, по што паднал на земјата, здобивајќи се со многу тешки телесни повреди од кои починал на лице место“ - соопштија од ОЈО Велес..

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основен суд Велес,  доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците на настанот, но и веројатност дека би можел да го повтори или да стори ново кривично дело. На С.К. му е изречена мерка притвор од 30 дена.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »