речник контакт

Момчињата на врсничкото насилство возвраќаат, девојчињата го решаваат институционално

Анкета на Организацијата на жени од Велес, како учениците се справуваат во врсничко насилство, дали го препознаваат

Петар Печков

Истражувањето на Организацијата нa жени од Велес за меѓуврсничкото насилство меѓу учениците во Велес покажа дијаметрално спротивни ставови , како тоа да се реши.  Момчињата  ова насилство    сметаат дека треба да го решат  со сторителот, дејчињата бараат помош институционално.

„Учесниците знаеја што е насилство, умееја да ги набројат видовите на насилство, знаат кои знаци се појавуваат кај жртвите насилство.   Единствено забележлива е разликата како децата би реагирале ако наидат на семејно,  врсничко насилство. Девојчињата  бараат помош институционално, во центрите за социјална работа, кај училишните служби, кај родителите Машките на насилството би возвратиле со насилство, или како што тие велат би се бранеле или би ја заштителе жртвата“ - вели  Ангелина Димовска Стојанова од  Организација на жени, која по професија е психолог.

Со анкетата биле опфатени сто  ученика од четирите средни училишта во Велес . Од нив  48 биле машки и 52 женски од сите возрасти на ова образование.  Целта  на истражувањето била дали младите знаат да препознаат вид на насилство, да набројат водови на насилство и како би препознале жртва насилство, каде да пријават. Но како да се сопре насилството.

„Најдобро е до децата да се работи од најрана возраст од предучилишни установи, во училиштето да одат на обуки за ненасилна трансформација на конфликти, да се гледа како голем и сериозен проблем“ - вели Димовска Стојанова.

Педагозите со став дека врсничкото насилство во училишта во Македонија,  во 2023 година е во голем пораст.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »