речник контакт

Мосад ја обелодени приказната за фаќањето на Ајхман

Израелската разузнавачка агенција Мосад оваа недела ја отвори својата архива да ги обелодени деталите за легендарното фаќање на нацистот Адолф Ајхман, задолжен за примена на Хитлеровото „конечно решение“, планот за истребување на Евреите во Европа.

Петар Печков

Изложбата „Операција финале“ во Музејот на дијаспората – Белт Хатфутсот во Тел Авив открива тајни документи, имиња и предмети кои претходно никогаш не биле видени, а користени се за откривање на киднапирањето на Ајхман во Аргентина во 1960 година.

„Архитектот на холокаустот“, како што го нарекувале поради улогата во нацистичката политика на геноцидот, од Буенос Ајрес бил префрлен во Израел, каде бил осуден на смрт и убиен на 31 мај во 1962 година.

Изложбата е приказна за успех која нуди целосна слика до сега за таа операција, а која придонела за заокружување на имиџот на агенцијата.

Тоа беше прв пат Мосад да изведе голема прекуморска операција и мораше да ги измисли сите тие работи во стилот на Џемс Бонд во тој процес, рече кустосот, офицер на Мосад, кој се претстави само како Амир, врз основа на правилата на агенцијата.

Тој оцени дека таа операција ја направила Мосад тоа што е, бидејќи „докажа на себе и целиот свет дека може да изведе операција на крајот на светот, под различни идентитети, со разни технички и технолошки средства“.

Меѓу другото, изложено е оригиналното досие на Мосад за Ајхман под тајното име „Дубик“, што во превод од еврејски значи зол дух, чанта со скриена камера со која се направени првите фотографии на Ајхман во Буенос Ајрес, лажни регистерски таблици на агенти од возилата со кои бил следен, ракавици користени при апсењето, игла со која му вбризгале седатив и лажен пасош на Ајхман да се прокриумчари од Аргентина.

Исто така изложени се лични предмети кои ги имал кај себе, чешел, џебен нож и пластична муштикла.

На судењето на Ајхман во Ерусалим сведочеа јавно повеќе од 100 Евреи кои ги преживеале ужасите во логорите на смртта. Тие го обелоденија ужасниот план за страшниот обид за „конечно решение“, оставајќи ја и еврејската држава и целиот свет без здив.

Нацистите и нивните сојузници во Втората светска војна убија 6 милиони Евреи. Ајхман беше осуден за воени злосторства и злосторства против човештвото и беше обесен наредната година. Беше тоа прв и единствен пат Израел да изврши смртна казна.

По поразот на Германија, Ајхман побегнал од американско заробеништво и по неколку неуспешни обиди да биде фатен нашол засолниште во Аргентина под името Рикардо Клемент.

Се до 1957 година не се знаело каде се наоѓа, додека неговиот син Ник не се спријателил со девојката Силвија, чиј татко Лотар Херман го преживеал холокаустот.

Лотар почнал да се сомнева во младиот Ајхман и испратил писмо на својот пријател, исто така преживеан во холокаустот Фриц Бауер, обвинител во Германија.

Бауер ги информирал Израелците и по истрагата на агентот на Мосад Цви Ахарони, ја лоцирал куќата на семејството на Ајхман на ул. Гарибалди во главниот град на Аргентина и се вратил со фотографии на Ајхман. Израелски форензичари ги споредиле ушите до детали на секоја фотографија и конечно го потврдиле идентитетот на злосторникот.

Вечерта на 11 мај во 1960 година група од седум луѓе го фатиле Ајхман на автобуска станица на која секоја ноќ пристигнувал од работа од фабрика на Мерцедес.

Кога се симнал од автобусот, агентот Цви Малкин скокнал на него, ставајќи му во уста ракавица да го спречи да голтне апче со цијанид во случај ако ја имал скриена во заб, рекол Авнер.

Двајца агенти помогнале да го внесат Ајхман во автомобил во кој го чекал Ахарони, велејќи му: Ако се помрднеш ќе те стрелам во глава. Ајхман одговорил на германски: „Ја прифаќам својата судбина“.

Потоа бил држен во скривница девет дена додека не бил префрлен со авион на израелската авионска компанија Ел Ал, со која стигнала израелска делегација на прославата на 150 годишнина на Аргентина.

Бил облечен во униформа на Ел Ал и седел во прва класа, а бил претставен како член на делегацијата на кого му се слошило.

Операцијата била толку таинствена што дури и дипломатот Аба Ебан, кој подоцна станал шеф на дипломатијата на Израел, не знаел дека Ајхман бил во авионот и дека поради тоа се одлагало неговото враќање во Израел.

текстот е преземен од Танјуг - Белград

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »