речник контакт

Мостот кај Башино село ,,плаче,, за реконструкција

Започната постапка за испитување на неговата состојба

Петар Печков

Мостот кај Башино село, кој е единствената врска за индустрискиот дел на Велес бара неопходна реконструкција. Преку него секојднево минуваат стотици тешки возила, бидејќи тоа е влезот за Велес, за индустриската зона.  

Но тој при секое доаѓање на реката Вардар со повисоко ниво, е под закана за оштетување па се случува да биде затворен и за сообраќај.

На него се напластуваат остатоци од дрвја, кои реката ги носи, така што  корисниците и за  жителите на Башино село, тој им е најблиската врска со градот, но и стручните лица, препорачуваат дека треба да се испита неговата состојба.

Редно време е мостот на Вардар да биде реконструиран, да се испита колку е здрав, колку може да ности. Оти годините си ги има,  но потребна е негова рехабилитација. Секое доаќање на Вардар го оштетува – вели камионџија, кој поради карактерот на работата секојднево минува преку мостот. 

И локалната власт ги констатирала истите факти, па започнале постапка со која ќе се утврди состојбата на мостот.

Влезот во Велес од Запад и до индустрискта зона е единствено преку овој мост кај Башино село. Тој е многу оптоварен и затоа поднесовме барање, стручни лица да ја проценат состојбата на мостот. Колку време  уште може  безбедно да се користи, дали е непоходна реконструкција, проширување или некои друго решение – изјави градоначалникот Чадиев. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »