речник контакт

Мотopџија загина на автопат

Кавадарчанецот Т.П. кога бил донесен во велешка болница веќе бил мртов

Петар Печков

Во неделата на пладне, загина моторџија, на автопатот   во близина на село Удово. МВР објави детали за несреќата.

На 04.03.2018 година, околу 13.30 часот, на автопатот Скопје-Гевгелија, кај с.Удово, мотоцикл „Хонда CVR 1000“ без регистарски ознаки, управуван од Т.П. (40) од Кавадарци, удрил во задниот дел од патничко возило „Голф 4“ со бугарски национални и регистарски ознаки, управувано од А.Д.П. (20). По ударот, возачот на мотоциклот со возило на Итна медицинскa помош бил пренесен во Медицински центар Велес каде била констатирана смрт - пишува во писмената информација на МВР.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »