речник контакт

Мотелот Стоби кај Градско, Владата го пренесе на локалната власт

Има заинтересирано потенцијалните купувачи кои од мотелот Стоби би изградиле нов комплекс со дополнителни услуги

Петар Печков

Општина Градско до доби мотелот Стоби  во сопственост. Ова е со одлука на Владата на 85-тата седница одржана на 29 август со која од страна на Република Македонија  се пренесува  сопственоста на објектот во сопственост на Општина Градско.

Мотелот е во  руинирана состојба и десетина години не се користи. Сопствениците неколку пати се менувале, до пред некое време  согласно имотен лист запишан е сопственик РМ. Од локалната власт на Општина Градско велат дека за овој објект има заинтересирани инвеститори кои сакаат да го купат објектот.

Потенцијалните купувачи  од мотелот Стоби би  изградиле нов комплекс од мотел, аква парк, терминал, паркинг и објект за продажба на локални производи - информираат од Општина Градско.  Мотелот Стоби е со вкупна површина од  744 м2  и  опфаќа две згради со  површина од  520 м2 и 195м2 се наоѓа во близина на автопатот Скопје - Гевгелија. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »