речник контакт

Мото забава со Леб и Сол на велешко езеро

Сабота навечер на плажата пред Романтик забава, претходно дефиле низ улиците на градот

Петар Печков

По четврти пат  Велес и мото клубот ,,Носачи на крстот,, ја организира мото забавта која ќе се одржи сабота навечер. Почетокот е закажан  во 20 часот на плажата пред Хотелот Романтик а во музичкиот дел гости се групата ,,Леб и сол,,  Драган Б. Костиќ и Давид Нешкоски трио.

Претходно во 18 часот е предвидено дефиле  на учесниците на мотори низ градот. Се очекува повеќе стотини учесници не само од клубовите од Македонија, туку и од земјите од соседството, Србија, Бугарија и БиХ. Мотото и на годинешнава мото бич парти е ,,Носи кацига, биди безбеден,,.

 И годинава мото бич забавата има хуманитарен карактер. Сите мотористи учесници ќе донираат средства, кои потоа ќе бидат доделени на поединец, семејство на кому му се потребни.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »