речник контакт

Мото забава на ,,Носачи на крстот,, по пети пат со рок концерт на мотел Македонија

Сабота вечер Паркети, Суперхикс, Shine и Day Off на просторот од автокампот на мотел Македонија

Петар Печков

Мото клубот ,,Носачи на крстот,, од Велес  повторно и оваа година организира мото собир  за сите моторџии и сите оние кои се чувствуваат така, но и за љубители на добра скара, добра музика, одлично пиво и секако мирисот на бензин.

Мото собирот кој е насловен ,,Носи кацига биди безбеден,, ќе се одржи в сабота со тоа што ќе има повеќе содржини преку целиот ден а ќе заврши со голем рок концерт вечерта.

Поради големата посетеност годинешниот мото собир ќе има нова локација, покрај мотелот Македонија на автопатот Скопје – Гевгелија. Како новина ќе има мото игри кои ќе донесат многу вредни награди за победниците, потоа традиционалното дефиле по улиците на Велес. За забавата ќе трае до доцна во ноќта со многу познати  рок состави. Ве повикуваме да ни се придружите и да бидете дел од петтиот по ред мото хепенинг кој секако и го заслужува епитетот најголем во нашата држава. – вели д-р Горан Јовиќ претседател на МК Носачи на крстот.

  Мото собирот стартува в сабота во 10ч а  на рок концертот во вечерните часови ќе настапат   Паркети, Суперхикс, Shine и Day Off.  Годинава новина е местото на одржување покрај мотел Македонија кој за учесниците обезбеди пониски цени за хотелското сместување и отворање на авто кампот каде цената на престој е 150 денари.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »