речник контакт

Мото клуб Велес подготвен за претстојната мото сезона

Екипата подготвена да атакуваат кон врвот

Петар Печков

Мото клубот МОТО -ВЕЛЕС го претстави тимот кој ке ги брани боите на клубот и градот Велес во новата натпреварувачка сезона .Тоа се Драган Ванов, повеќекратен државен вицешампион во мотокрос класа 85 и 125 кубика, актуелен шампион во ендурокрос ,ендуро и супермото, и Марин Сугарев,нашиот најуспешен натпреварувач во брзински мотоциклизам класа125,во источно европскиот шампионат со освоено четврто место.

Тој од оваа година е член на клубот и ќе се натпреварува и во мотокрос и ендуро натпреварите. Воедно на првите тренинзи ги претставија и новите тркачки машини, КАВАСАКИ 450 и СУЗУКИ 450,со кои ке атакуваат на титулите.

Во тимот се исто така и Јове Иванов,од Велес,освојувач на брозениот пехар во супермото и мотокрос, и неколку искусни возачи од Скопје ,Горан Тасиќ,шампион во ендуро, искусниот оф роудер Љупчо Ничевски ,и Здравко Младеновски супермото и ендуро натпреварувач ,кој очекуваме да го набави новиот мотор од Италија и се приклучи на тренинзите.

Тука е велешанецот Виктор Караколев, кој донесе драгоцени бодови во ланскиот мотокрос шампионат. На натпреварувачите им посакуваме успешна сезона и многу успеси во еден од нај екстремните и најопасни спортови.Со надеж дека ќе ги видиме и  на дело, на трка на велешко езеро.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »