речник контакт

Моторист излетал од пат кај Сарамзалино и тој и совозачот се здобиле со скршеници

Поради специфичните повреди пренесени се на Клинички во Скопје

Петар Печков

Вчера попладне  моторист излетал од патот и тешко се повредил и тој и сопатникот. Настанот се случил на магистралниот пат Велес- Штип, кај Сарамзалино.

„На 21 август во 18 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Велес - Штип, кај село Сарамзалино, Е.П.(51 год) од Велес управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот заедно со сопатникот Р.С (39 год) од Скопје “ - соопштија од МВР.

Со возило на  Итна медицинска помош од Свети Николе, двајцата повредени биле пренесени во велешка болница..

„Кај двете лица има скршеници и поради специфичноста на повредата и двајцата пациенти се префрлени на КАРИЛ во Скопје“-информира д-р Елена Левкова Ќулумова, задолжена за односи со јавноста при Општа болница Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »