речник контакт

Моторист од Ваташа почина, откако излетал со моторот од пат

Телото е предадено на обдукција, за да се откријат причините за смртта

Петар Печков

Неделата на пладне, моторист кај Ваташа излетал од патот, се здобил со тешки повреди, од кои подоцна починал. Повеќе инфoрмации од соопштението на МВР.

„На 18 февруари  во 12.20 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Моклиште, на излез од село Ваташа, кавадаречко, мотоцикл ,,хамачи" со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Л.С.(48 год) село Ваташа, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Кавадарци, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде што подоцна починал“ - информираа од МВР:

Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР Кавадарци и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »