речник контакт

Моторист од Унгарија почина во сообраќајка кај тунелот Катланово

Жената сопатничка мина со лесни повреди

Петар Печков

Моторист од Унгарија загина во сообраќајна нeсреќа, која попладнево околу 17ч. се случи на автопатот Велес – Скопје, близу од тунелот Катланово. Сообраќајкaта била помеѓу мотор со унгарски регистерски таблички и камион, соопштија од МВР.

„Бевме повикани на сообраќајна нeсреќа. Мажот возач на мотор беше на лице место починат, немаше знаци на живот, додека жената и дадовме неопходна здравствена нега и ја префрливме на велешка болница“ – соопштија од Итната помош.

„Примена е пациентка кај која се констатирани лесни повреди, нагмеченици, на снимките нема скршеници. Пациентката е на  одделение и ќе ја мине ноќта тука“ – кажаа од Општа Болница Велес.

Автопатот Велес -Скопје (кај тунелот) е целосно затворен за сообраќај, се пренасочува сообраќајот од клучка Велес кон Св.Николе, кон автопатот Штип-Скопје, се додека трае истрагата и увид на местото од несреќата, каде е јавен обвинител и увидна екипа на МВР.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »