речник контакт

Моторист тешко повреден во сообраќајка во населба Тунел

Поради тежината на повредите мотористот е префрлен на Клинички во Скопје

Петар Печков

Моторист е тешко повреден утрово во сообраќајна несреќа, која се случила кај игралиштето во населба Тунел. Полицијата изврши увид и според портпаролот Верољуб Додевски  соображајката се случила во 7 ч. на крстосницата помеѓу улица Благој Ѓорев и Луј Пастер,  а учествувале  товарно возило марка „Мерцедес’ управуван од Д.Д. (50 год) од населбата чашка и мопед марка Томос управуван од И.К.(56 год) од Башино Село. Итната помош, прва стигнала на местото на незгодата и од таму  соопштија дека мотористот бил во безсознание.

Ослободени се дишните  патишта, дадена му е прва помош, имобилизиран и со тешки повреди префрлен на Ургентен центар во велешка Болница- рече д-р  Страхил Тодоров, портпарол на Здравен дом Велес.  

Во Болница потврдија дека е донесено повредено лице, кое било во тешка состојба.

Повредениот е реанимиран, интубиран и во тешка состојба со тешки повреди на глава, префрлен на клиники во Скопје - рече д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »