речник контакт

Моторист тешко повреден на патот Бузалково- Раштани

Поради специфичноста на повредите Д.Ј. е префрлен на скопските клиники

Петар Печков

Моторист е тешко повреден возејќи на патот Бузалково- Раштани. Поради специфичноста на повредите префрлен е на скопските клиники.

На 13-ти јули во 17.10 часот било пријавено дека на локалниот пат Бузалково - Раштани, Д.Ј. (38) од Велес управувајќи мотоцикл „арора“, со велешки регистарски ознаки, се лизнал и паднал на коловозот - информираа од МВР.

Повредниот бил згрижен од екипа на Итната помош, која го имобилизирала и пренела во велешка Болница.  Од таму информираа дека имал скршеници на потколеница , на колни и по телото поради што е препратен на клиника во Скопје. 


Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »