речник контакт

Мотористите според полицијата направиле повеќе прекршоци отколку возачите на автомобили

Во период од пет часа регистрирани се 14 прекршоци

Петар Печков

Сообраќајната полиција во саботата ги контролирала мотористите, кои возат по велешките главни улици, колку тие ги почитуваат сообраќајните прописи. Во траење од пет часа констатирани се 14 прекршоци, многу повеќе отколку кога се контролираат возачите на автомобили.  

На 14.03.2020 во периодот од 12 до 17 часот на теритиријата на СВР Велес спроведена е акциска контрола на возачите на мопеди и мотоцикли, при што се утврдени 14 прекршоци - информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Најмногу прекршоци биле оти мотористите немаат заштитна кацига.  На возачите  сообраќајната полиција   им  изрекла соодветни казни. 

фото архива

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »