речник контакт

Мотористот од вчерашната сообраќајка со тешка повреда на раката, двајцата сопатници од излетаното возило минале со лесни повреди

Против пожарната единица не интервенирала кај излетаниот автомобил со прилепски регистарски таблички, близу Лозово

Петар Печков

Надлежните институции, денес со повеќе детали за двете сообраќајки, кои се случија во текот на вчерашниот ден.

„На 13-ти мај  во 14.30 часот во СВР Велес било пријавено дека крстосница од ул.„Димитар Влахов“ и ул.„Вера Циривири“ во Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „нисан“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(61 год) од Велес и мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(21год ) од Велес“ - информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.  

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за инцидентот.

„Околу  15 ч на одделот за хирургија донесен е пациент  на 20 годишна возраст повреден во сообраќајна несреќа. Пациентот  се здобил со  површинска повреда на главата и  отворена скршеница на надлактица на едната рака, по извршен преглед од страна  дежурен лекар препратен е на ТОАРИЛУЦ Скопје за понатамошен третман и доиследување“ - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.  


Втората сообраќајка, која се случи близу Лозово, на магистралниот пат Велес- Штип, кога излетал автомобил, со двајца патници, не е внесена во дневниот билтен на МВР, бидејќи и двете лица минале со лесни повреди. Од велешката Против пожарна единица командирот Љупчо Лепидовски, соопшти дека иако нивна екипа била на лице место, немало потреба од интервенција.   

„Околу 18часот од страна на Итната Медицинска Помош  Велес  на одделот за хирургија донесени се двајца пациенти, маж на 67 годишна возраст  и жена на 61 годишна возраст од Прилеп, повредени во сообраќајна несреќа, пациентите  се здобиле со лесни телесни повреди , по извршениот преглед од дежурен хирург, на свое барање се пуштени на домашно лекување“ - дополни д-р Јованова.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »