речник контакт

Мотоциклистот од Србија излетал од патот и се здобил со тешки повреди

Лицето на негово барање е пуштено на домашно лекување

Петар Печков

Саботата попладне на моторист од Србија излетал од патот и се здобил со тешки телени повреди.
„На 04 јуни во 17.25 часот било пријавено дека на регионалниот пат Градско- Велес во близина кај крстосница за село Црквино мотоцикл „БМВ“ со српски национални ознаки управуван од Б.М.(55) од Република Србија излетал надвор од коловозот“- соопштија од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес по што ќе се знаат причините за излетувањето.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Велес. Од таму информираа дека повредениот икал скршеници на ребра и на клучна коска а по негово барање бил пуштен на домашно лекување.

фото илустрација

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »