речник контакт

Мојот живот со Валтер Руп

Велешанката Ана Волева Руп, за бракот со човекот кој учествуваше во изградбата на велешка Топилница и го помниме по ,,Топилница гут, Велес, капут,,

Петар Печков

 Велешанката Ана Волева Руп, дел од нејзиниот живот мина со Германецот Валтер Руп. Тој на велешката и македонската јавност и е познат по изјавата  ,,Топилница гут, Велес капут,,. Така Руп уште во изградбата на капацитетот кој го одбележа животот во градот и неговите жители, во една реченица, мошне духовито но реално кажа што градот ќе доживее.  

 Валтер оваа изрека ја кажуваше јавно и на раководството и на велешани, но никој не го сфаќаше сериозно. Имаше голем круг пријатели, познати, колеги така што во секоја пригода даваше на знаење дека Топилницата како индустриски комплекс не и е местото во град.  Тоа што го кажа, тоа и  се случи, за жал. Таква слична топилница во неговиот работен живот изгради уше една, со идентична технологија. И тоа по 20 години во Индија, во градот Кочи, но таа беше далеку од градот, не како кај нас  – се присетува Ана Волев Руп негова сопруга, родена велешанка.  

Таа присуствувала во изградбата на тој капацитет во Индија, бидејќи повеќе години веќе биел во брак со нејзиниот животен сопатник.  Ана Валтер го запознала во 1971-та година преку нејзина роднина.  Валтер бил на гости кај Марионка Карагирова , ја видел фотографијата на Ана и преку слика го воодушевила , на прв поглед.

 Бев преку работа во Германија,  и тој преку роднината неколку пати се обидувал да се запознае со мене. Јас одбивав. Каде јас со Германец, не   сакав. Но по долго убедување сепак излегов, се запознав со Валтер. Тоа дружење траеше неколку месеци. Јас имав 25  тој 37 години. Иако имаше повеќе женски кои сакаа да бидат со него   Новата 1972 ја пречекавме кај него во Хајделберг во Германија. Се веривме на неговиот роденден на 21 јуни  а свадбата беше на  6-ти август во Велес, во ресторанот на Монопол. Остана во сеќавање кога Валтер бараше месо за свадбата, бидејќи го  немаше отиде  до некое село околу Богданци за да најде теле,  – вели Ана.

 Заедно во Велес биле се до пуштањето на Топилницата во  1974-та. Но не била само Ана која стапила во брак со инженерите кои работеа на изградбата на Топилница. Ана се сеќава на пејачката Ружица на составот  Елиси, на Десанка кои судбината сакала да ги спои со луѓето кои времено дошле во Велес, да го градат капацитетот, но останале цврсто врзани  цел живот,  поради сопругите. 

Интересно е каков бил првиот впечаток на Валтер со Велес и велешани. Дошол навечер, со неговиот автомобил бел БМВ низ чаршијата. Ама тоа време имаше  корзо, многу луѓе, врвулица и тој едвај со колата дошол до влезот на хотелот Интернационал. Таму го пречекал Мишо Карпуз, велешка легенда.  не можел да верува тоа што го гледал, толку луѓе на прошетка, за него чудно. Валтер  се спротивставувал да дојде во Југославија, оти не сакал да оди во комунистичка земја. Три дена го немало, не можеле да го најдат за да му врачат решение да дојде во Велес. Потоа доби стан во Топилничарската зграда, спроти училиштето Васил Главинов. Кога заврши со изградбата, заминавме за Германија – додава Ана.

Потоа со години започнува нејзиниот пат околу светот. Престојувале во Луксембург, Англија, Шпанија,  повеќе држави во Јужна Америка Перу, Мексико, Колумбија,Аргентина, Јужна Африка, Индија, Кина,  И покрај тоа што требало да оди во Русија одбил.  Во Англија Ана положила за возач и учела да вози на левата страна. 

Искуството од престојот во Јужна Кореја беше мошне возбудлив. Прво не и даваа виза за таму, оти Титова Југославија немаше односи со Јужна Кореја,  и Валтер ги услови ако не дојде сопругата не доаѓам ниту јас. Така стигневме. На аеродром ме пречекаа двајца полицајци, долго ме  испитуваа. Живеевме во посебен комплекс, а јас бев постојано набљудувана, ме следеа мислеа дека сум југословенски шпион. Во овие згради не смееше да влезе кореанка – рече Ана.

Од нејзиниот престој во овие земји таа е вистински полигот, знае англиски, германски, шпански. Валтер имал големо и единствено хоби, јавање на коњи. Тој за оваа  активност, за тоа што се  бавел со овој спорт, добил бројни награди по светот.  Како  секој родител своето чедо што го сака, така и Валтер ја сакал Топилница.  Не пропуштал на секое доаѓање во Велес, да ја посети фабриката. Во градот имал многу пријатели, со кој одржувал врски, контакти а се додека работела, тој ја посетувал Топилницата.  Последен пат го посетил Велес есента 2011-та.

Кога заминуваме од кај Штипско џаде, се сеќавам, го погледна градот, ја погледна Топилница и  па  ја  заврте главата и погледот. Беше тажен, тоа го знам – заврши Ана.  

Валтер Руп  почина на 12 февруари 2012-та  на 78 годишна  возраст, по четири децении брак со Ана Волева Руп. Таа живее час во родниот Велес, час во родниот град на сопругот Хајдлеберг во Германија. На погребот на Валтер во Германија имало и бројни велешани, негови пријатели кои допатувале да го испратат за последен пат.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »