речник контакт

Мразулци надвиснати во тунелите на автопатот Скопје Велес

Загрозена безбедноста на патниците во тунелите од автопатот Велес - Скопје и обратно, поради огромните мразулци

Петар Печков

Големи мразулци  долги и по половина метар висат во тунелите на автопатот Скопје Велес и Велес – Скопје, реагираат возачите кои секојдневно ја минуваат оваа делница. Тие стравуваат за безбедноста на учесниците поради опасноста да се скршат и паднат врз некој автомобил.

Вакви мразулци има во тунелот кај Катланово кон Скопје и во тунелот кај Башино Село за Велес. Страшна е глетката кога во темнината ќе се здогледаат, бидејќи постои можност секој момент тие да паднат врз некој автомобил кој е во движење. Колку е тоа опасно за нас возачите и сопатниците сите знаеме. Што ли само работи Македонија пат и за кого плаќаме патарина , кога патиштата не се одржуваат – велат луто  возачите кои возат на релацијата  до Велес до Скопје и обратно.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »