речник контакт

Музички уредник во МТВ осуден за плагијат , користел текстови на Смилевски без одобрение

За ова тој доби условна затворска казна

Петар Печков

Тоде Спасовски (52 год)музички уредник во МРТВ  поради користење на туѓи текстови за неговите прилози, за што немал одобрение и договор  со авторот, доби условна затворска но и парична  казна.  

Тој беше прогласен за виновен во Основен суд Велес за кривичното дело ,,повреда на авторско право,,.   Според пресудата во период од седум години, од  2007-та до 2014-та, Спасовски потпишувајќи се како автор на сценариото на емисијата ,,Потрагите на песната,, користел делови  од книгата ,,Песната и коренот,, на велешкиот новинар Никифор Смилевски.

При тоа без негова согласност, договор и материјален  надомест за авторско право редовно ги користел материјалите за создавањето на повеќе велешки песни, кои Смилевски со години го истражувал нивниот настанок. Вештакот проф. д-р Кристина Николовска во нејзиното истражување констатирала  дека во емисиите се користени цели  синтагми, реченици од книгата на Смилевски во емисиите, при што во одјавните шпици како автор, сценарио и текст е потпишан Тоде Спасовски.

 По ова тој беше прогласен за виновен изречена му е  алтернативна  мерка   од  шест месеци затвор ако во следните две години стори ново кривично дело, како и да плати кон оштетениот парична казна  од 60 илјади денари.   Пресудата е правосилна а паричната казна била платена. Бранител на  Спасовски во  овој предмет му бил адвокат Душко Георгиевски кој на македонската јавност  и е познат како пејач на фолк нумери.

Во времето кога се водеше овој спор пред судот  во Велес, Георгиевски учествуваше на  Фолк Фестивалот Валандово 2016, каде во септември победи со  песната ,,Свири ми виолина,, а во петочленото жири беше Тоде Спасовски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »