речник контакт

Музичкото училиште „Стефан Гајдов“ оствари соработка со сродни институции од Италија

Соработката е со Академија музика ди Арт „Франц Лист“ од Грота Маре и „Институто Спонтини“ од Асколи Пичено, градови во централниот дел на Италија

Петар Печков

Започната е и остварена   меѓународна соработка  на велешкото основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ со сродно училиште од Италија. Ова го најави Илија Настовски- професор во  музичкото училиште.  

„Соработката е со Академија музика ди Арт  „Франц Лист“ од Грота Маре  и „Институто Спонтини“  од Асколи Пичено.  Комуникацијата започна со тоа што беше испратено дело кое беше исполнето од моја страна. Тоа е дело од Франц Лист. Го видоа и објавија во тамошни медиуми. Така започна па продолжи меѓуинституционално помеѓу нашето музичко училиште и  нивната академија.   Од ова очекувам да се  започнат други проклети. Со Институтот Спонтини имаме институционална соработка, со нивното училиште. Се соработува врз основа на програма, он лајн настава, концерти кои ќе се случат таму, во живо.  Почетокот би бил со настан на наставници од велешкиот музичко училиште во Италија“ - кажа Настовски.  

Двете италијански институции  постојат и работат во два стари града, во централниот дел на Италија, близу Рим. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »