речник контакт

Мулти функционална сала во ССОУ Коле Неделковски

Истата ќе им служи на учениците и професорите зa одржување на разни училишни манифестации

Петар Печков

По повод Патрониот празник на училиштето и сто годишнината од раѓањето на Коле Неделковски, во  средното училиште кое го носи неговото име, беше свечено отворена мултифункционална сала.

Свеченото отворање го извршија Градоначалникот на Општина Велес  Горан Петров  и директорот на ССОУ „Коле Неделковски“ Валентин Елисковски.

Свеченоста понатаму продолжи со доделување на дипломи на најуспешните ученици кои учествуваа на литературниот конкурс, литературниот конкурс по англиски јазик, квиз натпреварот по математика и информатика, општинскиот квиз натпревар по математика и информатика, квиз натпреварот по сообраќајна култура, спортските игри, меѓународниот ликовен конкурс и учесниците во подготовката на театарската претстава „Бумеранг“.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »