речник контакт

Мултимедијална изложба во Ликовниот салон, во чест на прерано починатиот уметник Матијас Божинов

Изложбата е на колегите од факултет Марија Трпеска и Стефан Анчевски

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес отворена е  мултимедијалната изложба  „Матијас (беш)е тука“ на Марија Трпеска и Стефан Анчевски. Таа   документира дел од уметничкиот животот на Матијас Александар Божинов, трагично починат во времето на неговите  студентски  години.

Изложбата е дело на неговите колеги од студентските денови. Двајцата автори низ серија фотографии го рефлектираат интимното доживување на времето и местата на битисување со нивниот драг пријател и колега.

„Матијас не успеа да дипломира, не испеа да има изложба. Оваа изложба    негова  изложба, делата се негови, ние само тука да оставиме трага за Матијас“ -    кажа Анчевски кој е визуелен уметник и твори во Куманово.

„Матијас беше наш колега, пријател и другар од факултетските денови. Кога дипломиравме  со Стефан, одлучивме да создадеме еден омаж за Матијс,  вклучувајќи негово дело - скулптура. Така го одбележуваме неговото присуство во нашите животи, тој и натаму живее во нас “ - рече Трпеска која живее и твори во Скопје.  

 Матијас е роден  струмичанец, кој починал во текот на студиите на ФЛУ Скопје,  на трета година.    Промотор на изложбата беше Емилија Каревска.   

„Ова визуелно творештво и патување на блиски пријатели на Матијас и колеги, носи  суштинска приказна. Пораката која ја испраќаат самите автори,е квалитативна за животот на делото, по  физичката загуба на авторот“ - порача Каревска.  
Изложбата е организирана од ЛУ Народен музеј Велес и е дел од годишната програма финансирана од Министерството за култура.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »