речник контакт

Мустаќ на Велес Дејан Митров, мустаќ во обид за Ѓорѓи Перчинков (фото)

Собраните средства за хуманитарна цел, дел се донирани за сограѓанин на кому му требаат за лекување

Петар Печков

Со голема заедничка забава на  сите мустаклии од Велес, кои го поддржаа движењето Мовембар  заврши месецот посветен на подигање на свеста и грижата од машките болести. На забавата се избираше нај мустаќ и мустаќ во обид  на Велес.

Титулата за најдобар ја понесе Дејан Митров, кој грижливо изминатиот месец пуштил мустаќи, како  поддршка на светското движење Мовембар. Истовремено беше избран и мустаќ во обид а него  го красело лицето на Ѓорѓи Перчинков. 

Со едно месечната акција здружението Мовембар Велес ја менува сликата и ги отстранува предрасудите за машкото здравје.

Сите 30 дена од изминатиот  месец имаше продажна акција на маички, вечерта на забавата во „Паб“ се собирале и парични средства.  Дел од нив биле донирани на сограѓанин за лекување.  Остатокот ќе се намениз а набавка на аапарт кој е потребен на урлошкото одделение од  Општа болница Велес. 

Фото Пепи Кирка

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »