речник контакт

НЛО во Велес

Веќе втор ден го гледам истиот објект во Велес, па морав да се консултирам со некого. Дали некој го видел овој објект?

Аница Солева

Се случи вчера кога излегов да се прошетам. Слушнав силна недефинирана музика. Сите почнаа да се чудат, леле Марсовци напаѓаат! За момент и јас си помислив дека тоа се Марсовци. Но, кога погледнав видов дека тоа е една обична кола, со безброј мали сини светла и многу гласна музика. Се прашав кој е овој Марсовец, зошто сака да привлече толку големо внимание? Сигурно не е од градов, но на регистарските таблички пишуваше VE ??? ??. Не успеав да го видам бројот на табличките , но барем знам дека е од Велес и дека не е Марсовец. Можам спокојно да спијам, нели?

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »