речник контакт

На 13-ти и 14-ти август големата летна крводарителска акција

Акцијата, која годинава е 27-ма по ред, ќе се изведе со почеток од 7,30 до 14,30 часот, во просториите на Ликовниот салон

Петар Печков

Големата летна крводарителска акција  годинава во Велес ќе се одржи на 13-ти и 14-ти август, четврток и петок, следната седмица.  Таа ќе се изведе  со почеток од 7,30 до 14,30 часот, во просториите на Ликовниот салон.

На крводарителската акција ќе се применуваат сите стандарди и процедури согласно состојбата во која се наоѓаме.

Ги повикуваме сите крводарители кои сакаат да учествуваат на истата да дојдат и да дадат голем придонес за здравјето на населението. Крводарителството не е поврзано со Ковид-19 и е сосема безбедно. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот - порачаа од Општинската организација на Црвен крст Велес. 

Годинашната акција е 27-ма по ред. За првите седум месеци од годинава велешките крводарители, заедно со тие од Општините Градско и Чашка дарувале 1.794 крвни единици а  планот за цела 2020-та година беше 1.861. Веќе утре, сабота ќе се одржи акција во Градско  а на 21-ви август во Чашка.

Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години. Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои tтри.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »