Петар Печков
Објавено: вторник, 28 јануари 2025
На 19 март ќе се знае судбината на Фабриката за шински возила Колска. За тој ден е закажано рочиштето за одлучување за предлогот и гласање за планот за реорганизација изготвен од должникот, Колска, објавија од Основен суд Велес. За ова ќе гласаат доверителите, а стечајниот управник кажа дека се уште ги работи пресметките, кој доверител со кој процент учествува во масата на стечаен долг, а со тоа кој колкав процент на учество во гласањето има.
„ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС известува дека поведена е претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка со постапка за реорганизација по изготвен план за реорганизација над должникот Друштво Фабрика на шински возила ВЕЛЕС ДООЕЛ Велес, со седиште на ул.Алексо Демниевски-Бауман бр.69“ – објавија на нивната веб страница. Закажано е рочиште е во 10 часот во судница бр.8 на овој суд.
Претходно на 5 декември лани во печатен медум излезе оглас за прибирање на затворени понуди, за „санирање на тешката финансиска материјална положба“ преку доставување на Предлог постапка за реорганизација на Колска. На него се јавила една заинтересиран фирма која во понудата прецизирала начин, рок и висина на подмирување на финансиските обврски кон доверителите, кон вработените, задржување на постојните 50-на вработени и нови вработувања, висина и динамика на планирани инвестиции.
Tweet |