речник контакт

На Велес му се потребни повеќе мерни инструменти, за да не се пласираат лажни вести дека дишеме енормно загаден воздух

Од почетокот на месецов вредностите на ПМ 10, освен вчера не покажале повисоко вредности од дозволените, иако се пишуваше дека Велес се гуши од загаден воздух

Петар Печков

Информацијата која минатата седмица се пласираше во јавноста  од неколку медиуми, дека Велес се гуши во загаден воздух е лажна вест.  Ова беше кажано денес на трибината која ја организираше ЕД Вила Зора, а на која темата беше поставување на  мерни инструменти, одлука која ја донесе Советот на Општина Велес а градоначалникот треба да ја спроведе. За да не се повторни ваква лажна вест, потребно е да се постават што повеќе мерни инструменти, на повеќе локации во Велс, посочија учесниците на трибината.

Доколку има  повеќе мерни станици, за што се залагаме како иницијатива,  можеме да кажеме да се согласуваме или не се согласуваме  дека има енормно загадување во Велес. Секогаш постојат лажни вести - кажа Христина Најдовска Илиевска од Европска развојна иницијатива. На трибината учесниците поведоа иницијатива  со која се бара во градот да се постават мерни инструменти на локации близу до загадувачите, со кои ќе се мери квалитетот на воздухот во Велес.

Во градот има една мерна станица која не е познато кога функционира, кога не. По реакциите, добивам впечаток дека постојат  паралелни податоци кои се објавуваат во јавноста и  се создава лажна слика за квалитетот на амбиенталниот воздух. Но со поставување на повеќе  мерни станици на повеќе локации во градот, ќе се добијат точни податоци. Ако се покаже дека тоа се лажни вести, државата има инструменти преку кои ќе ги санкционира тие кои пласираат лажни вести -  рече Киро Ристоски претседател на здружение Флоразон.

Од почетокот на месецот на веб страницата од Државниот инспекторат за животна средина, инструментите покажуваат дека ниту еден ден, освен вчера, 15-ти септември не е надмината граничната вредност на ПМ 10   од 50 микро грама на м3. Вчера изнесувала 52,56 мг/м3.       

Учесниците побара да се изврши притисок врз локалната власт, да се почитува одлуката на Советот и Општина Велес да постави мерни инструменти за квалитетот на воздухот.  Нивна цел е адресирање на проблемите на граѓаните, за прашањето за пристап до информации за состојбата на загадувањето на воздухот, односно недостатокот од мерни станици за квалитетот на воздухот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »