речник контакт

На Велес му се потребни се надземни хидранти и хидрантска мрежа

Градоначалникот Колев вели дека во високите делови на градот нема доволно притисок на вода за да има хидрантска мрежа

Петар Печков

На Велес му требаа  хидрантска мрежа  во високите делови на градот а во централното градско подрачје надземни хидранти. Ова за да може противпожарната единица да интервенира брзо и ефикасно. Освен еден надземен хидрант кој функционира во центарот  на градот, кај нотарските канцеларии, од неодамна се поставени уште два, кај Варналиите и на езеро Младост.

Но тоа не ги задоволува потребите на градот како на левата страна така и во новиот дел на Велес. Градоначалникот Марко Колев, вели дека е запознаен со ваквата состојба по укажувањата на командирот на ТППЕ Љупчо Лепидовски,  и најавува дека се работи на решение.

„Има непокриени делови на градот со хидрантска мрежа. Во одредени делови притисокот на вода  е многу мал и не може таа да се постави за да функционира. Во наредниот период треба да се работи на поставување на нови водоводни мрежи, па кога тие ќе се сработат  ќе има и поголем притисок и ќе може да се постават надземни хидранти. Тоа што се работеше изминатиот период околу водоводната мрежа во центарот на градот, беше наследен проект и мораше да се заврши за да не пропадне и не бевме во можност на нив да поставуваме хидранти“ - кажа градоначалникот Колев.

Во соработка со ТППЕ веќе биле одредени места кадеа е потребно да се постават и други надземни хидранти во централното градско подрачје.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »