речник контакт

На Водици, започнува со работа киното „3Д Киноверзум Велес“ со проекција на „Аватар патот на водата

За вторник е предвидено да се прикаже и конечно велешани да го видат новиот филм на Милчо Манчевски „Кајмак“ . Викендот на програмaта се три детски филма а на репeртоарот е и биографскиот филм за Витни Хjустoн, „Сакам да танцувам“

Петар Печков

 Утре, четврток, Водици, со проекцијата на филмскиот хит „Аватар патот на водата“ започнува со работа киното „3Д киноверзум Велес“.  Веднаш потоа од 21,30 часот е американскиот филм „Бабилон“ со Бред Пит. 

Така велешани по 18 години, повторно ќе можат да следат редовна кино програма. За потсетување, последната кино претства на киното 11 Октомври беше не летната кино тераса во август 2005 година. Во периодот 2014 до есента  2018 додека се расипа дигиталниот кино пректор,  нови македонcки филмовино и ревии на современи француски, германски филмови се прикажуваа во велешки театар.

3Д киноверзум Велес“ го најави репертоарот за следните седум дена. Петок од 17ч  е детскиот филм „Неверојатниот Морис“ од 19ч. е  „Меган“   а од 21ч. „Аватар-патот на водата„. Тој ќе биде прикажан сабота, недела од 18ч. и вторник од 21ч.

Викендот има три прокеции на детски филмови: Кашеј –крадец на невести, Неверојатниот Морис и Авантурите на Финик, во термини од 12, 14 и 16 часот.

Сабота од 21,30 е биографскиот филм за Витни Хјустон, „Сакам да танцувам“ , истиот ќе биде прикажан  и среда од 18 ч. 

Недела од 21,30 ч. Ќе се прикажува „Вавилон“ како и во понеделник од 21ч. Овој ден од 19ч. е предвиден за прикажување филмот „Меган“. 

Во вторник на 24 јануари велешани конечно ќе можат да го видат новиот филм на Милчо Манчевски „Кајмaк“ од 19ч. 

На јавен повик распишан од Општина Велес, 3Д Киноверзум Свети Николе, го доби и тој ќе работи три години и со салата „Бели мугри“ каде ќе се прикажуваат филмовите  и со новата дигитална опрема.  Тоа кино беше свечено отворено на 11 Октомври 2020 со преокција на македонскиот филм „Стела“ и повеќе не се прикажа ниту еден друг филм.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »