Петар Печков
Објавено: среда, 21 јануари 2026
Нов случај на семејно насилство во Велес, овој пат поранешната сопруга го нападнала брачниот партнер, на прагот од нејзиниот дом. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 19.01.2026 во 11:50 часот, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 36-годишна велешанка, постапувајќи по претходна пријава дека пред нејзинот дом физички го нападнала нејзниот 46-годишен поранешен сопруг“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.
Жената била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа полицијата ќе поднесе соодветна пријава.
Лани, 2025 година во СВР Велес, од 80 пријави за семејно насилство, осум биле од мажи.
фото илустрација интернет
| Tweet |




