речник контакт

На Врановска река се гради електрана

Инвестиција на МХЕ Тополки, вредна 1,75 милиони евра

Петар Печков

Со цел да се искористи водениот потенцијал на планината Јакупица, близу селото  Горно Врановци, велешко се гради мини електрана.    

Тоа е инвестиција вредна 1,75 милиони евра. Електраната е на Врановска река  и нејзината изведба е во завршна фаза.  Водата од оваа река засега се користи од водената акумулација Лисиче, но само за наводнување.    

Инвеститор е фирмата МХЕ Тополки. Се градат паралелно машинската куќичка, цевководот и зафатот за вода. Истовремено се произведува и опремата турбината, генераторот, средно напонската електрика, автоматика и управувањето.    Електраната има моќ од 800 КВ – изјави Кочо Анѓушев сопственик на,, ЕДС,, едена од фирмите во чија сопственост е МХЕ Тополки  која заедно со ,,Хидро Холдинг,, се инвеститори на  хидро -електраната.

Изведувач на градежните работи е фирмата ,,Гранит,,.  Значајно е што опрема се произведува во велешката Машинска индустрија ,,Брако,,. 

Автоматиката и електрониката се произведуваат по проекти на инженери од ,,Брако,,. Машинскиот дел од опремата се произведува во ,,Брако,, во Велес  – дополни Анѓушев.  

Освен оваа електрана на Врановска река, фирмата МХЕ Тополки  е во план да гради уште три. Тие би биле по течението на реката Тополка  и тоа на нејзиниот  тек  во горниот дел, од село Долно Јаболчиште па се до вливот во езерото Лисиче.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »