речник контакт

На Градскиот пазар кај две лица пронајдени повеќе од 1,4 илјади пиротехники средства

Против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава

Петар Печков

Во две одвоени акции на пазарот во Велес, вчера, вторник, од страна на  велешката полиција  пронајдени вкупно над 1,4 илјади пиротехнички средства. Еве што соопштија од МВР за овој настан, кој се случил вчера вторник.  

„На 19 декември во 10.50 часот на Градскиот пазар во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода И.Ќ.(69 год) од Велес. При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени вкупно 1.115 парчиња разновидни пиротехнички средства. Тој е приведен во полициска станица“- соопштија од МВР.

„Истиот ден 19 декември  при преглед на тезга на Градскиот пазар, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес кај Ц.З.(62 год) од Велес пронашле и одзеле 300 парчиња пиротехнички средства. Со лицето бил извршен службен разговор во Полициската станица Велес“ - додаваат од МВР.

По документирање на настанот против двете лица  ќе биде поднесена соодветна пријава.

фото МВР

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »