речник контакт

На Коледе во Велес дишевме чист воздух, што со години не се случило

После децении на оваа вечер во Велес воздухот не беше загаден со ПМ 10 честички. Слично беше и во други македонски градови, Скопје, Битола, Тетово

Петар Печков

Годинава на Коледе воздухот што го дишеа велешани беше незагаден. Како ретко кога чист и без високи вредности на ПМ10 честичките.

Ова го покажуваат измерените вредности од апаратите на Министерството за животна средина, лоцирани во дворот на градинката во населба Тунел.

Среднодневните за вчера 5 јануари се 33 mg/m3 а граничната вредност е 50 мг/м3.

Ниски беа вредностите и на јаглен моноксид и на  сулфурдвеоксид – резултат на греењето,  на азотдвеоксид-резултат на сообраќајот. 

Сличен квалитет на воздухот, без загадување имаше во Скопје, Битола, Тетово, градови кои досега имаа високи вредности на загаденост.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »