речник контакт

На Мегдан тешко повреден сопатник во трактор

Тракторот кој превезувал дрва се превртел

Петар Печков

Четвртокот претпладне, на Мегдан се случлил  сообраќаен инцидент, при што совозачот е тешко повреден и префрлен на клиниките во Скпје.

„На 03.-ти јуни  околу 10 часот во СВР Велес било пријавено дека на крстосницата од  ул.„Браќа Кошулчеви“ и ул.„Кирил и Методиј“ во Велес, З.П. (63) од Велес управувајќи  трактор „имт“ со приколка со велешки регистарски ознаки  изгубил контрола и удрил во ѕид.- информираа од МВР.

Во незгодата, сопатникот Г.Ц.(59) од Велес се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Први на терен испаднале екипата на Итната помош.

„Во 9,40 ч. е примен повик, кога на Мегдан е превртен трактор кој превезувал дрва. Кај повреденото лица констатирани се повреди на глава, згрижен е на лице место. Поради сериозноста на повредата пренесен во свесна состојба во велешка Болница“- соопшти д-р Василка Пановска, началник на Итната служба во Велес.

Од велешка Болница соопштија деак лицето е префрлено на клиниките во Скопје.

„На хирургија донесено е лице со повреди на глава. Веднаш е препратен на КАРИЛ  во Скопје на доиследување“- кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »