речник контакт

На Техничко - технолошкиот факултет во Велес се одржа првиот академски час (фото)

Во академската 2022/23 година досега се запишани 17 редовни студенти на овој факултет кој работи во рамките на Универзитетот Св. Климент Охридско во Битола

Петар Печков

Со првиот академски час започна наставата на Технолошко- технички факултет со седиште во Велес, кој работи во рамките на Универзитетот СВ. Климент Охридски од Битола.  На овој факултет настава се одвива во две насоки прехранбена технологија и биотехнологија и  нутриционизам.

На бруцошите им се обратија Деканот проф. д-р Татјана Калевска и Продеканите. кои им поскаат успешно студирање на 17-те бруцоши и им ги врачија индексите. Од нив 13 се на  прехранбена технологија и биотехнологија додека четворица  се на нутриционизам.

Заинтересираните имаат можност уште денес во четвртиот  уписен рок да поднесат документи за студирање на Технолошко -техничкиот факултет. на двете насоки имаше можност да се запишат по 25 редовни студенти. 

Студентите од насоката нутриционизам се ослободени од партиципација, која чини 200 евра. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »