речник контакт

На Технолошко - Техничкиот факултет во Велес во прва година запашани се 13 бруцоши

Единствената високо образовна институција, која има седиште во Велес

Петар Печков

Единствената високо образовна институција, која има седиште во Велес, Технолошко - Техничкиот  факултет,  во прва година запиша 13 студенти. од нив седум се редовни и шест вонредни.   Во новата академска година 2023/24   имаше слободни  места за  50 бруцоши.

На двете насоки прехранбена технологија и биотехнологија и за нутриционизам имаше по 25 слободни места, од кои по пет беа за вонредни. На прехранбена технологија и биотехнологија запишани се 5 бруцоши, од нив двајца редовни и тројца вонредни а на нутриционизам осум , пет бруцоши и тројца вонредни.  

Во тек е и четвртиот уписен рок. Студентите во прва година на двете насоки од Технолошко - Техничкиот  факултет  не плаќаат партиципација која е во висина од 200 евра. Тој работи во рамките на  Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »