речник контакт

На Чист Понеделник, велешани останаа без ѓеврек

Најбаран продукт на Чист Понеделник во Велес беше ѓеврекот. Уште во 10 часот него го немаше во велешките продавници.

Петар Печков

Најбаран продукт на Чист Понеделник во Велес беше ѓеврекот. Уште во 10 часот него го немаше во велешките продавници. Првиот ден од Велигденските пости ги испразни рафтовите со гевречињата, најпригладниот и традиционален појадок за овој ден. Велешани изедоа повеќе од пет илјади вакви пекарски производи.

- Жито Вардар за овој ден подготви стандардно чедтири илјади ѓевреци. Сите се продадоа до 10 часот и вакво нешто прв пат ни се случува сите овие години. Причина за големата побарувачка е почетокот на  Велигденските пости  - изјави Виолета Мечевска раководител на РЕ Пекарница при Жито Вардар, најголемиот пекарски производител во градот. Идентична состојба беше и во останатите помали пекарници од Велес каде најбаран производ беше ѓеврекот и се потрошиле илјада продукти. Колку велешани го почитуваат овој ден, прв по Прочка, покажува и податокот што во малкуте работнички мензи што останаа, на менито беше бело грваче. Овој ден се одбележува и на месноста Мегдан каде  со организирано маалско дружење се подготува бел грав на Чист понеделник, ден кога започнува средувањето и чистењето на домовите по долгата и студена зима.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »