речник контакт

На велосипед до Александропулис (фото)

Младите велешани Виктор Митевски и Коста Тахов минаа 1.200 км на две тркала

Петар Печков

Двајца млади велешани ова лето го минаа на велосипед. Извозеа 1.200 км до Александропулос во Грција  кој е близу  границата со Турција. Оваа нивна авантура траеше 16 денови. Релацијата ја возеа Виктор Митевски и Коста Тахов познат како Фотошопов. Овој нивен подвиг го реализираа во месец август.

Релацијата  ја минавме во движење, малку и одмор, најчесто возевме: Поради временските пригоди паузиравме, имаше места каде можевме да одмориме, некаде и два дена пауза. Возевме вкупно  1200 км. до таму и назад – вели Виктор.

За илустрација Александропулис е на само 30 км до границата на Грција со Турција.  Возеле преку Битола, Воден и Лерин и овој дел  бил вистински тест за нивната издржливост, оти е планински со многу искачувања. Иако се има впечаток дека Грција е рамна, и пред самата цел градот Александропулис имало угорнина, која морале да ја совладаат.  Објаснуваат дека немал страв,затоа што морале да возат по патишта, каде имало густ сообраќај.

Не стравуваме по безбедноста, возачите имаа обѕир прека нас., посебно Грците дали имаат некој закон кон велосипедистите,  но многу не почитуваа, повеќе отколку во  Македонија, таму беше многу побезбедно –додава Коста.

Оваа релација тие ја извозеле до велосипеди марка КТМ кај Виктор и Мерида кај Коста. Ова е  нивна прва ваква авантура, лани биле до  Каликратија, споредбено со оваа рута, двојно пократка 540 км.  Но ит гоаш се враќале преку планина. Од море на височина.

Задоволството од ова возење  не може да се опише,  тоа се доживува, иако е напорно, многу е интересно.  Наидовме на колеги од Англија, Данска исто со велосипед кој возат по Европа. Налетавме на двајца Португалци, кои пеш две години  ја шетаат Европа и сега се враќаат дома  - завршува Виктор.

За до година уште немаат планови,  може да им се приклучи и трет, кој би сакал. Досега повеќемина се интересирале, но не се осмелиле. Иако велат двајца е  најдобро, така најлесно се договара за маршрутата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »