речник контакт

На годишнината од смртта, оддадена почит на актерот Петре Прличко

Денес се потсетуваме на бесмртноста на неговото дело

Петар Печков

Денес се одбележуваат 27 години од смртта на актерот Петре Прличко, кој е роден во Велес на 13 март 1907 година.  делегација од локалната власт и актери до велешки театар, положија цвеќе пред биста на Прличко во Младинскиот парк./

„Кога одбележуваме 27 години од смртта на Петре Прличко се потсетуваме на бесмртноста на неговото дело за велешкото, но и македонското актерство“- порачаа од Општина Велес.
.
Во чест на неговиот живот и белегот кој го остави, претседателот на Советот на Општина Велес, Зоран Љутков, заедно со актерите Александар Ѓоргиев, Слободанка Чичевска и Кирил  Гравчев му оддадоа почит положувајќи свежо цвеќе на бистата посветена на него.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »