речник контакт

На десетина дена пред крајот на годината, за Велес добиени и потрошени 300 термини за бесплатна вакцина против грип

Според последните податоци од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во сезоната 2020/2021 вкупниот број заболени е 288 лица во Македонија

Петар Печков

На десетина дена пред крајот на годината се уште трае вакцинацијата против сезонскиот грип. За оваа седмица пациенти од Велес, преку мој термин, добиле повеќе од 300 термини за  бесплатна вакцинација. Но и тие бргу се потрошиле.  

Иако сме далеку надвор од календарот за вакцинација, таа продолжува и за истата има голем интерес, поради потребите на одредени категории граѓани - вели матичен доктор од градот.

Досега  во Велес беа доделени околу илјада бесплатни  вакцини за сезонски грип, четиривалентни, француско производство. Неа можеа да ја добијат постарите лица над 65 години,цеца на возраст од 6-59 месеци, лица постари од 6 месеци со хронични болести, бремени жени и здравствени работници.

Комерцијална вакцинација во Велес, која ја спроведуваше Центарот за јавно здравје, траеше два дена, за колку време се потрошија 400 добиени а ценaта беше 800 денари.  Така досега вкупно 1,4 илјади велешани добија можност да се вакцинираат против грип.

Може да се случи да нема врв на грипот оваа сезона кажа епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски, кој е и раководител на Институтот за епидемиологија и биостатистика. Годинава е забележана најмала регистрирана бројка на заболени од грип во изминативе години.

Според последните податоци од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во сезоната 2020/2021 вкупниот број заболени е 288 лица во земјава.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »