речник контакт

На езеро Младост, показна вежба за спасување на давеник (фото)

Ја изведоа доброволци од Тимот за одговор при катастрофи на општинскиот Црвен крст

Петар Печков

По повод 12-ти септември Светскиот ден на првата помош членовите на Тимот за одговор при катастрофи на Црвен крст - Општинска организација Велес изведоа показна вежба за спасување на давеник од водите на велешкото езеро Младост.

Според процедурата, тие прво го извлекоа давеникот од водата, со чамец го донесоа до блиското пристаниште каде откако го извадија надвор на давеникот му беше извршена реанимација. Вежбата покажа дека Тимот за одговор при катастрофи е одлично подготвен да одговори на сите предизвици во делот на безбедност на вода - кажа Иле Попов  координатор на  тимот за одговор при катастрофи на Црвен крст.

Во показната вежба земаа учество десетина доброволци, членови на тимот за одговор при катастрофи.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »