речник контакт

На есен бруцоши само на Техничко технолошкиот факултет

Ќе се запишуваат 140 студени, од кои сто се редовни

Петар Печков

Само 140 студенти, што редовни што вонредни ќе бидат запишани на есен  во Велес. И тоа само на Техничко - технолошкиот Факултетот  при Универзитет Св. Климент Охридски од Битола, со седиште во Велес.  Има  слободни 140  места од кои за  редовни се за 100 бруцоши. 

Прехранбена технологија и биотехнологија и на нутриционизам   ќе запишат  по 70 студенти,  од нив 30 редовни со  200 евра за упис,  20 редовни со кофинансирање од 400  евра и 20 вонредни со плаќање на исто така 400  евра.  

Пријавување на кандидатите е во три рока. Првиот на 30 и 31 август, вториот на 13 и 14 септември и третиот на 24 септември. ТТФ во Велес  постои  од есента  2008-та година, Во Велес настава се одвива за повисоките години и на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола.   

Минатата  учебна година беа поделни седум индекси на ТТФ во Велес.  Поголем  интерес  за упис имаше на Факултетот за информатички  и комуникациски технологии, диспензирана  настава Велес. Но повеќето од пријавените беа од Скопје. Сите студенти се судруваа со проблем недостаток на компјутери, па наставата ја следеа без можност добиеното знаење да го применуваат  на факултет, туку мораа дома.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »