речник контакт

На есенската крводарителска акција на МК „Носачи на крстот“ собрани 173 крвни единици (фото)

После рекордната од 2013-та со 177 собрани крвни единици, оваа, организирана за 9-ти Ноември,за Денот на Општината е со највисок одѕив

Петар Печков

Успешна е денешната  крводарителска акција, која се организираше  по повод 9-ти Ноември, Денот на Општина Велес.  Крводарителите одново ја докажаа својата хуманост, даруваа 173 крвни единици, од нив шестмина првократни дарители.  

Организатори  на акцијата беа Мото Клуб „Носачи на крстот“, Општина Велес и Црвен крст, и се случи 14-та година  по ред, со тоа што годинава за прв пат имаше и пролетна акција, кога беа собрани 141 крвна единица.  Или ова беше 15-та акција за дарување крв на МК „Носачи на крстот“.

Оваа крводарителска акција беше за малку послаба од рекордната во 2013-та кога беа собрани 177 крвни и единици.

Таа беше изведена во Ликовниот салон и траеше од 8 до 15ч. а крв се даруваше на 10 кревети, со што се избегнаа редици од чекање. 

До почетокот на месец ноември во Велес собрани се 2823 крвни единици а планот е 1961. Досегашниот одѕив е на ниво од истиот период лани. До крајот на година има уште неколку крводарителски акции.


Крводарителската акција заеднички ја реализираа Општинската организација на Црвен крст од Велес и екипи од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »