речник контакт

На железничка во Велес, пронајдени 150 илегалци, Сиријци (фото)

Тие биле во товарен воз, кој превезува ќумур. Имаше и деца на возраст од 15 години и три жени.

Петар Печков

На железничката станица во Велес, попладнево  полицијата пронајде околу 150 лица, илегалци. Тие биле сокриени во товарен воз, кој доаѓал од  Гевгелија а превезувал ќумур. Во овие отворени вагони се сокриле илегалците, кои потоа биле пренесени  во чекалната на станицата.  Според нивите сведочења, сите се  бегалци од Сирија.

Бегаме од граѓанската војна во Сирија. Сакаме да одиме во Германија, Данска, таму не се живее. Оставивме цели фамилии но мораме да бегаме. Не сакаме да гинеме. Ниту сакаме да се вратиме назад или во Грција – исплашени велеа соговорниците.

Нивната облека целата беше црна, од ќумурот, од вагоните каде се криеле. Имаше и три жени, но и деца од по 15, 16 години.  Имаше и студени, фамилијарни луѓе, кои со тага ја покажуваа семејната фотографија каде се нивните деца и сопруги. Но имаше и луѓе со лузни од рани, од повредите од бомбардирањето. Објаснуваа дека повеќето се од Дамаск, но ги имаше и од Алепо но и од други сириски градови. 

Групата според нив брои околу 150 лица и беа чувани од велешките полицајци, кои ја чекаа граничната полиција да ги преземат бегалците. Досега вака бројна група на емигранти не е фатена во Македонија.  Патниците на железничката станица, на бегалците им понудија дел од храната, оти тие  беа гладни, не биле јадени со денови.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »